РОКОВИ НА ИСПОРАКА
• Главна определба на УБАВ ДОМ е брза испорака на своите производи до купувачите;
• Рокот на испорака на производите зависи од видот на производ, односно од тоа дали се нарачува готов производ или се нарачува производ по изработка, и изнесува до 30 дена;
• За производи за кои е потребно поголемо време за изработка и достава се известуваат самите клиенти пред склучување на нарачката;
• Максимален рок за чување на купената роба на клиентот во нашите магацини изнесува 45 дена;
• По дадениот рок, резервацијата на робата завршува и производите повеќе не се чуваат за конкретната нарачка;
ДОСТАВА НА ПРОИЗВОДИ
• УБАВ ДОМ обезбедува достава на сите производи купени во сопствените салони.
• Доставата на мебелот се врши до куќниот број на купувачите. Начинот и времето на достава се договараат за време на купувањето на производите, и купувачите секогаш се известени пред испораката на мебелот;
• Истоварот и внесувањето на робата е обврска на купувачот
МОНТАЖА НА ПРОИЗВОДИ
- УБАВ ДОМ обезбедува соодветна монтажа на своите производи и не превзема одговорност за Извршената монтажа од трети лица и направените грешки и штети при монтажата. Штетите направени при несоодветна монтажа се на товар на купувачот.
ДИМЕНЗИИ НА ПРОИЗВОДИТЕ
• Купувачите задолжително треба точно да ги проверат димензиите на производот кој го купуваат;
• Обврска на купувачот е да ги провери и димензиите на просторот каде треба да се внесе купениот мебел;
• За информации околу димензиите и пакувањата на производите, продажниот персонал стои на располагање на секој купувач;
• Доколку димензиите на нарачаниот производ, по нарачката, не одговараат на просторот каде треба да се внесат, УБАВ ДОМ не превзема одговорност и сите настанати дополнителни трошоци се на товар на купувачот.